Ќерка го ограбила својот татко

by Fokus

Осумнаесетгодишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена дека од сефот на татко ѝ украла разен златен накит и пари вредни повеќе 10.000 евра, информираа од МВР.

Според податоците од полицискиот билтен, вчера 45-годишната Н.С. од село Туденце пријавил дека во периодот од 27 декември лани до 21 февруари, непознат сторител извршил кражба во неговата куќа. Сторителот, според пријавата, влегол во спалната соба и од сеф со шифра одзел повеќе парчиња разновиден златен накит и 3.000 евра во разни апоени вредни над 600.000 илјади денари.

Набргу по пријавувањето, велат од МВР, кражбата била расчистена, а осомничена е 18-годишната ќерка на пријавителот Н.С.

Поврзани новости