458
Штом нема Зоран Заев да прифати разговори без условот техничка влада, тоа значи дека разговори нема да има, што всушност е и целта на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Заев изјави дека остануваат на барањето за формирање на техничка влада, чија цел ќе биде да ги организира следните избори.
„Ова не е изненадување за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е СДСМ, тоа е Заев, тоа е Бранко Црвенковски, тоа е Радмила Шекеринска. Тоа е кодот, матрицата, политиката. Немање идеи за нормален натпревар и битка на нерегуларен начин да ја узурпираат власта, против волјата на мнозинството граѓани. Тоа е стратегија на луѓе неспособни за работа и водење држава“, соопштија од владејачката партија.