Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница донел заклучок со кој Извршниот Комитет и партијата треба да продолжат да се спротиставуваат на „обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава“.
-Уцената со која се соочува СДСМ најскапо ќе ја чини државата. Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ги реализира на штета на државата. Затоа Централниот комитет го потврди ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори. Тие би се одржале заедно со локалните. Со тоа би се редуцирале трошоците, а граѓаните би добиле шанса да се произнесат околу тиранската платформа, која беше донесена после изборите како услов за формирање на влада, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека засекогаш е погазен принципот „победник со победник“ и веќе не постои вистинска причина во иднина да биде загарантирано учеството во извршната власт на партијата која би освоила мнозинство од албанските гласови.