– Сигурни сме дека после некое време самиот Зоран Заев ќе се демантира како што до сега се демантираше за се што кажа. Не е суштината во тоа дали ќе се поднесат 1000 или 2000 страници хартија, туку дали тие имаат или немаат правна основа и аргументација. За случаите кои се водат пред надлежните инстиутуции против Зоран Заев постојат непобитни докази, факти, признанија и правни аргументи, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешното поднесување на докази за случаите „Пуч“ и „Поткуп“ од страна на СДСМ.
Од владејачката партија велат дека намерата на Заев била, кога веќе не можел да ја придобие поддршката на граѓаните преку конструкции и манипулации, да продолжи да го спроведува своето деструктивно сценарио со, како што велат тие, креирање дестабилизација, дигање тензии па дури и поттикнување насилство.