ВМРО-ДПМНЕ: Протест во сабота, луѓе умираат, Филипче и Заев летаат со хеликоптери и возат мотори

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ за во сабота најавуваат протест пред Министерството за здравство.

-Денес починаа 35 лица, на денот кога имавме 51 погреб поради корона вирусот. 86 лица починаа за два дена. Овие луѓе немаше да бидат починати доколку Зоран Заев и Венко Филипче наместо да возат мотори и летаат со хеликоптери обезбедеа вакцини. Но, ним поважни им беа провизиите за вакцини од обезбедувањето вакцини за спас на животите на граѓаните на Македонија.

- Advertisements -

Над 4.000 луѓе ги загубија животите, додека нашата власт не успеа да набави ниту една вакцина. Филипче и Заев се директно виновни за целиот хаос кој што се случува во болниците, со заболените, со починатите и нивните фамилии.

Ова е огромен срам. Срамот треба да се измие. Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира во сабота во 11 часот пред изворот на проблемите, Министерството за здравство, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости