Неспособноста на Владата се повеќе се гледа. Македонија во последното деноноќие има 37 новозаболени, а Словенија 4 дена по ред нема заболен од Ковид-19. Република Македонија урива рекорди на заразени од Ковид – 19 во регионот, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека во регионот државите се фалат како неколку денови немаат новозаразени, Македонија е на врвот по заразени. Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот. Освен тоа Словенија прогласи пред некое време и крај на корона кризата. Во Хрватска последното деноноќие имаат само еден новозаболен од Ковид-19. Кај нас досега се направени околу 25.000 тестирања што е три пати помалку во однос на Словенија која има 74.419, а Хрватска 61.482, велат од опозицијата.
Според нив додека во регионот главна тема е справувањето со економските последици, во Македонија се уште се бројат новозаболени лица, лица кои добиваат решенија за самоизолација и изолација.
-Овој податок говори дека Владата предводена од СДСМ наместо да се фокусираат на здравствени мерки, гледа како да ја спаси политичката кариера на Зоран Заев. Сето ова се должи на задоцнети и несоодветни мерки. Се поочигледно е дека Филипче и СДСМ доживеаја фијаско во справувањето со корона вирусот. Со СДСМ и Заев единствено добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.