Владејачката ВМРО-ДПМНЕ веднаш реагираше на пресконференцијата на заменик-министерот за финансии, Кире Наумов, кој рече дека СДСМ спречила Владата да ја задолжи Македонија за 500 милиони евра. Според ДПМНЕ, СДСМ се обидела да ја блокира исплатата на пензии, како и на земјоделските субвенции.
-Преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов, лидерот на СДСМ денеска се обиде да ја блокира исплатата на зголемените пензии, да го попречи реновирањето на болниците и набавката на нова медицинска опрема, да ја закочи исплатата на земјоделските субвенции, да ја сопре изградбата на новата патна инфраструктура и да ги пролонгира роковите за реновирање и изградба на новите училишта и градинки, се вели во реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Од ДПМНЕ велат дека СДСМ работеле единствено според девизата „колку полошо за граѓаните, толку подобро за Зоран Заев и партијата“.
-ВМРО-ДПМНЕ не дозволи СДСМ да го реализира своето црно сценарио. Буџетска криза нема да има. Република Македонија ќе обезбеди средства и за справување со мигрантската криза, и за зголемени пензии, и за реновирање на болници и за сите други трошоци кои ќе значат стабилност, сигурност и спокојство на граѓаните, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.