Путин: Ќе има значителни последици за Турција

by Фокус

Рускиот претседател Владимир Путин соборувањето на рускиот авион од страна на Турција го нарече „забивање нож во грб од соучесниците на терористите“ и рече дека од тоа ќе има значителни последици. Ова е прв случај во изминативе 50 години членка на НАТО да собори руски авион.

Турција пак, веднаш побара НАТО да свика вондредна средба, а турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека неговата земја имала право да преземе секакви мерки против недозволено преминување на границите и ја повика меѓународната заедница да работи во насока на “гасење на пожарот што гори во Сирија.”

Според Туција, рускиот авион влегол во нејзиониот воздушниот простор и притоа ги игнорирал десетината испратени предупредувања да ја напушти теритоаријата. Според Русија пак, авионот “су-24” не ги преминал границите на Сирија и не влегол во турскиот воздушен простор.

Поврзани новости