Не постои никаква правна аргументација за да се држат во притвор уметници, оперски пејачи, актери, режисери, архитекти, доктори, полициски службеници, пратеници и останатите неправедно обвинети за тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие се целосно невини и секоја поинаква одлука од страна на органите на прогонот е само ширење на страв и обид за сузбивање на секоја критичка мисла. Нивното притворање е притисок врз нив и нивните семејства, но и порака до сите оние кои би се обиделе да кренат глас против деструктивните и антидржавни политики на власта. Притворените не се терористи, туку жртви на политички прогон. Додека Заев е привелигирана странка во сите постапки против него, за обичните граѓани не важат ниту основните човекови права гарантирани со Уставот и меѓународните конвенции“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека кршењето на законите и процедурите од страна на правосудните органи при апсењето на лицата од 27-ми април го потврди и Народниот правобранител.