Заев: Проблемот не беше Ахмети, туку понудениот кандидат од Села

by fokus

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Патот кон“ на Аласат-М истакна дека со Зијадин Села не постигнале договор за министерството за здравство бидејќи понудениот кандидат не бил прифатлив, како Арбен Таравари. На овој начин премиерот Заев го отфрли обвинувањето на Села, кој тврди дека договорот не бил постигнат бидејќи Али Ахмети му се заканил на Заев дека ќе излезе од влада доколку Алијансата за Албанците го добие ресорот здравство.

– Јас и не знаев дека Таравари ќе се кандидира за градоначалник, тоа е негово право, го разбирам, но здравството е битен ресор, треба сериозни реформи – рече Заев.

Прашан дали може да го погледне Села во очи после се што преживеа во парламентот, премиерот рече дека апсолутно верува дека со Села изградиле пријателски однос и биле еден до друг во Собранието на крвавиот четврток.

Заев смета дека ресорот за реформи што му го понудиле на партијата на Села е сериозен ресор, но дека Села не го прифатил тоа.

Поврзани новости