Одлуката на судот во Стразбур е доказ дека случајот 27 април беше политички процес, процес кој имаше цел да изврши политички притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за Уставните измени, смета ВМРО-ДПМНЕ по пресудата на Стразбур за Елена Доцевска Божиновска поради должината на постапката за ревизија во врска со продолжувањето на нејзиниот притвор.
-Криминалното СЈО кое доживеа коруптивно фијаско и случајот 27 април се пример како опстојува владата на ДУИ/СДСМ, злоупотреби, притисоци и тортура врз ВМРО-ДПМНЕ. Стотици семејства и илјадници граѓани беа и се уште се жртви на најмрачниот притисок и брутална хајка преку октроираните судии и обвинители за да СДСМ и ДУИ обезбедат уште некоја година власт. Сите тие кои учествуваа во таа хајка, како и оние слуги обвинители и судии кои беа дел од овие политички процеси по промената на власта ќе се соочат со одговорност. 27 април е случај каде Кацарска докажувајќи се во суровоста доби унапредување во Уставниот суд но и етикета Кацарска судство како синоним за корумпираното судство и неправда под владата на СДСМ и ДУИ. 211 години затвор за 27 април, а Ден Дончев на слобода. 211 години затвор за 27 април а Рашкоски шета слободно. Лидерството на СДСМ ужива во својата бизнис империја, Спасовски и понатаму го штити криминалот и нема одговорност за ниту еден од власта, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.