На денешната седница за форимирање на Комисијата која ќе треба да ја води постапката за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов, владејачката ВМРО-ДПМНЕ предложи таа да има мнозинство, односно во Комисијата да има шест члена. Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, останатите членови би биле по два члена од СДСМ и ДУИ и еден член од ДПА. За СДСМ ова е неприфатливо.
-Вие можевте и со ДУИ да имате мнозинство, но очигледно е дека не му верувате на ДУИ. Ќе се бориме со сите алатки. Лошо е дека некој мисли дека Соранието е приватна фирма. Ова е неодбранливо. Човекот има постапено неуставно. Вие сакате да се напише солиден извештај во кој ќе се борите Иванов д се прогласи дури и за херој. Никој не ви верува дека сте против аболицијата. Објаснете зошто имате шест члена, рече Сугаревски од СДСМ.
Пратениот Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ рече дека владејачката партија е против аболицијата, но сепак, тоа било уставно право на претседателот.