Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат. Дополнително бараат да се ослободат од работа хронично болните и сите останати ранливи категории граѓани.
-Во државата корона вирусот се шири неконтролирано. Никој веќе не води сметка на кластери. Во градинките од септември 33 деца се позитивни на корона вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација се 107 вработени и 650 деца. Во училиштата 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на КОВИД-19. Амбулантата за прегледи на педијатриските пациенти во болницата Козле се наоѓа во самиот оддел во црвена зона каде се хоспитализирани пациентите со КОВИД – 19, што само говори дека Здравствените власти лошо менаџираат со системот и создаваат дополнителна опасност. Лица со најтешки облици на болести се доведуваат во опасност од контакт со заразени со корона. И за сето ова властите не гледаат вина во себе, туку виновни се граѓаните, реагираат од партијата.