Бројот на заразени во земјава на дневно ниво се приближува кон 1.000, пад се очекува за три-четири недели

by fokus

Во деноноќието меѓу четвртокот и петокот се регистрирани 934 новозаразени со коронавирусот од 2748 тестирања, што е најголем број на инфицирани во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Пет лица починаа, а 434 се оздрвени.

Вкупната бројка на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058. Во болниците ширум земјава се хоспитализрани 678 позитивни или суспектни пациенти на Ковид-19. Капацитетите на Инфективната клиника се веќе исполнети, па пациентите се препраќаат во други институции.

Здравствените власти очекуваат новите рестриктивни мерки да дадат резултати за околу три до четири недели.

– Циклусите на промена и резултатите од воведените мерки не само кај нас, туку и во многу други земји доаѓаат по три до четири недели. Толку е циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот до видливиот пад на детекција на бројот на заболени. Такви се и нашите очекувања иако е неблагодарно да се даде прогноза, рече Филипче, додавајќи дека кај овој вирус има многу непознати, па така, дел од предвидувањата, не само кај нас туку и во светот не се остварија.

Сепак градинките и училиштата во кои настава посетуваат деца до трето одделение и натаму остануваат отворени. Надлежните велат дека засега ситуацијата е под контрола и оти нема ширење на зараза од коронавирусот во овие установи.

Поврзани новости