Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, велат од партијата.
Меѓу предлозите кои ги претставило ВМРО-ДПМНЕ во Владата е да се обезбеди енергенс за работа на ТЦ Неготино по цени поевтини од берзанските, а струјата што ќе се произведе да се даде на стопанството, за да се зачуваат работни места.
Предлагаат и да се обезбедат ресурси за производство на електрична енергија и топлина од ТЕ-ТО Скопје. Електричната енергија ќе ја користат граѓаните и индустријата на регулираниот пазар, а топлината оние корисници кои ги плаќаат своите сметки во БЕГ.
Побарано е и сите јавни претпријатија кои што се занимаваат со комунална и водостопанска дејност, да се префрлат од слободниот на регулираниот пазар.