Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска одржa средба со лидерите на политичките партии од Коалицијата „За подобра Македонија“.
Како што се наведува во партиското соопштение, фокусот на средбата биле резулатите од предвремените парламентарни избори, во пресрет на започнувањето на преговорите за формирање нова влада.
Илија Димовски по состанокот рече дека коалициските партнери неговудаат за платформата на Албанците. Сепак вели дека партиите се уште се во фаза на преговори.
– Доколку ме прашувате во врска со позициите на ДУИ, би сакал да кажам дека ние ги соопштивме нашите ставови преку интервјуто на претседателот Никола Груевски. На денешната средба видливо беше негодувањето, посебно од страна на претставниците на политичките партии кои ги претставуваат помалите етнички заедници, рече Димовски.
Никола Груевски пак, во интервјуто за „Дневник” порача дека нема да коалицираат со ДУИ, по цена да ги прифатат барањата за СЈО. Тој рече дека доколку ДУИ им го сврти грбот на ДПМНЕ, ќе вратат со иста мера.