Договорот од Преспа за промена на името на државата е правно – политички мртов, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи Уставните измени и затоа се откажа од понатамошна расправа во Собранието.
-Граѓаните јасно и недвосмислено кажаа дека референдумот е неуспешен, а договорот мртов. Јаловата дебата која што се води во Собранието е непродуктивна и претставува кршење на волјата на граѓаните. Зоран Заев и СДСМ треба да ја послушаат волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои гласаа против договорот или апстинираа и за кои не е прифатлив договорот од Преспа, се наведува во соопштението.
Од партијата посочуваат дека време е Зоран Заев да си замине.
-Тој потроши две години од животот на граѓаните на потпишување штетни договори и на понижување на државата, додека економијата ја стави на работ и ја турна во бездна на безперспективност, со нула раст, 5.14 милијарди задолжување и зголемени трошоци за живот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.