ВМРО-ДПМНЕ: Постојат 250 илјади причини обвинителството да го испита рекетот во РЕК „Битола“

by Fokus

Постојат најмалку 250 илјади причини обвинителството да се разбуди и да го испита случајот рекет во РЕК „Битола“, а ако добро прочепкаат, можеби ќе излезат милиони причини за отворање на случај, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што потсетуваат дека фирмата „СВ инвест“ отвора мистериозно брзо стечајна постапка, извесно време откако е спомената во пријавата до МВР за изнуда на 250 илјади евра.

-Повторно прашуваме дали сопственикот на оваа фирма, лицето Столе Чифлигароски, исто така близок до Вице Заев, во меѓувреме ја напуштил државата и дали останал должен кон државата речиси 2,5 милиони евра даноци? Потсетуваме дека оваа компанија и нејзиниот сопственик беа посочени од страна на фирмата која го пријавила случајот за изнуда како чинителот на кој треба да му се отстапи дел од бизнисот или на која треба да и бидат уплатени 250 илјади евра, доколку изнудуваната фирма сака да продолжи да работи во РЕК „Битола“. Во оваа пријава се споменуваат и тогашниот директорот Ковачевски, Вице и хотелот ‘Парк’ во Струмица, пишува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека некој се обидува од самиот почеток да ја забошотува истрагата и да фалсификува изјави, и тоа според нив е причина плус од обвинителството да се одважат и да го процесираат сериозниот криминал на власта.

 

Поврзани новости