Од владејачката партија убедуваат дека никогаш не криеле колку изнесува јавниот долг на Македонија, бидејќи како што велат, тоа биле податоци кои се јавно достапни. Тоа што СДСМ обвини дека гувернерот Димитар Богов признал оти јавниот долг стигна до 50 отсто од БДП за ВМРО-ДПМНЕ е само уште едно деструктивно сценарио.
Од партијата велат и дека, благодарение на финансискиот тероризам кој СДСМ го прави, граѓаните ќе плаќаат повисоки камати во износ од 25 милиони евра.
-СДСМ безуспешно се обиде да ги разубеди инвеститорите да ја купат еврообврзницата, што претставува преседан во светски размери на неодговорно однесување на опозиција. За своите деструкции, лаги и клевети СДСМ ќе одговараат. Најтежок ќе им биде судот на народот на следните избори кога ќе бидат казнети за сите деструкции и штети кои ги имаат направено – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.