ВМРО-ДПМНЕ: Поради измислен тероризам десетици луѓе три месеци се во притвор

by fokus

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ регираат дека десетици македонски патриоти повеќе од три месеци се жртви на континуиран политички прогон за измислен тероризам. Според нив, невини луѓе, доктори, глумци, режисери, политички без никаква правна основа се држат во привор во Истражниот затвор Скопје.

-Институциите не смеат да се злоупотребуваат за фабрикување на политички постапки и политички прогон. Конструираните случаи не смеат да станат наше секојдневие! Судот мора да биде заштитник на законитоста и да работи согласно со Уставот и Законите без разлика на притисокот со кој се соочува. Власта на СДСМ со притворањето на сите оние кои гласно се спротиставија на деструктивните политики на Зоран Заев, покажа дека нема намера да ги почитува демократските вредности, се вели во партиското соопштение.

Оттаму додаваат дека Македонија има потреба од независно судство кое ќе биде заштитник на граѓаните на оваа држава.

-Судот со своите постапки мора да сфати дека е најдиректен и најодговорен учесник во се поголемиот раздор и продлабочување на кризата. Судот и правосудните органи ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за пресметка со сите оние кои размислуваат различно од СДСМ и Зоран Заев. Судот и сите останати институции мора да работат исклучиво во интерес на граѓаните и согласно законот, Уставот и мегународните договори ратификувани согласно истиот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости