ВМРО ДПМНЕ поднесе интерпелација и за министерот Арбен Таравари

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за министерот за здравство Арбен Таравари, кој три дена го обвинуваат дека крие за случај за девојче со пукнато слепо црево, кое починало.

– Министерот Таравари е платен од граѓаните за да ги решава нивните проблеми и да придонесе за подобро здравство. Добро е Таравари да е повеќе на работа отколку на одмор за парите што ги зема. Добро е повеќе да сработи отколку да сурфа по интернет, но очајно е тоа што два ипол месеци нема никаков резултат од неговата работа – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Таравари е убедливо најлошиот министер за здравство кој македонските граѓани го виделе.

Поврзани новости