Иванов го потпиша ребалансот во последен момент

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов го искористи последниот момент од законскиот рок и доцна синоќа го потпиша ребалансот на буџетот што беше изгласан од пратениците во Собранието. Законот му овозможува на претседателот седум дена, кои истекоа синоќа, додека во спротивно доколку Иванов не го даде својот потпис мора за тоа да го извести Собранието.

Одложувањето на постапката до последен момент се должеше на неговото патување надвор од државата.

По потпишувањето, ребалансот на буџетот е пратен во собраниските служби, по што следува објавувањето во „Службен весник“ и стапување во сила.

Поврзани новости