ВМРО-ДПМНЕ: Подмладокот на СДСМ агитира за излегување на студентски марш

by Фокус

Не поминува ден без владејачката партија да ги етикетира студентите, дека најавениот студентски марш е организиран од младината на СДСМ. Според нив, опозицијата се обидува да ги злоупотреби и изманипулира студентите за своите теснопартиски интереси.

– За тоа дека се до гуша заглавени во организирање на наводни студенстки протести, доволно говорат информациите по медиумите и социјалните мрежи, дека членови на нивниот подмладок агитираат, организираат, па дури и јавно говорат на настани организирани од т.н. Студенстки пленум. СДСМ преку својот подмладок, но и преку ним блиски невладини организации како МОФ, се обидуваат веќе со месеци да ги изманипулираат студентите – се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Поврзани новости