ВМРО-ДПМНЕ подигнала кредит од 244.000 евра од Комерцијална банка

by Фокус

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ месецов подигнала кредит од Комерцијална банка во износ од 15 милиони денари или 244 илјади евра.

Како што е објавено во Службен весник (број 141), најголемата опозициска партија застапувана од Христијан Мицкоски ставила под хипотека недвижен имот во корист на банката заради обезбедување на побарувањето.

Тоа е направено врз основа на Солемнизација – договор за залог склучен меѓу двете страни на почетокот на јули кај нотарот Методија Ристоски од Скопје.

Како што е познато, речиси целокупниот недвижен имот на ДПМНЕ е замрзнат со одлука на скопскиот кривичен суд, по барање на Специјалното јавно обвинителство во рамки на предметот „Талир“.

По истекот на законскиот рок 30 јуни 2017 година, ова е единственото обвинение што го поднесе СЈО, кое ја товари партијата дека во периодот од 2009 до 2015 година незаконски прифатила 4,5 милиони евра.

Од ДПМНЕ велат дека единствено не е замрзнат партискиот недвижен имот стекнат пред овој период, како на пример деловниот простор на скопски „Рекорд“, кој, според опозициската партија, бил ставен под залог за добиениот банкарски кредит.

В.С.

Поврзани новости