Автобуска несреќа во Анталија, најмалку 25 повредени

by lali

Најмалку 25 лица се повредени во Турција кога автобус со туристи од Полска, Русија и Норвешка излетал од пат и се превртел.

Несреќата се случила во близина на Кемер во Анталија, а повредените патници се пренесени во болници во Кемер и Кумлуча.

Се наведува дека возачот ја загубил контролата над автобусот, иако причината за несреќата сѐ уште не е позната.

Поврзани новости