495
Оставка од градоначалничката Наташа Петровска побараа денеска од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, поради состојбите во битолското образование. Осум основни и едно средно училиште веќе еден месец се со исклучена струја, а деновиве само гимназијата „Таки Дасакло“, го платила долгот кон ЕВН.
-Неработењето на Наташа Петровска почна силно да се рефлектира врз нас младите. На 10 дена до почетокот на учебната година, 9 училишта немаат струја, а задолжителниот превоз за ученици се уште не е регулиран. Најдобро е што можете да направите за нас младите е што поскоро да ја прекинете оваа фарса и да си однесете неотповиклива оставка, ако кај вас и кај вашите соработници постои грижа на совест, рече Марко Јосифовски УМСМ на ВМРО-ДПМНЕ-Битола.