ВМРО-ДПМНЕ побара нови избори

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение и се обрати на јавноста и извести дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат, но и побара одржување на нови избори како најдобро решение за излез од кризата.

-ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план. Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата чии лидер сега треба да му го врати мандатот на Иванов, бидејќи не успеа да обезбеди мнозинство, додаваат дека тие остануваат на прогласот усвоен на 17 декември.

Поврзани новости