ДУИ не донесе одлука, Груевски не успеа да обезбеди мнозинство во законскиот рок

by fokus

Рокот на Никола Груевски да обезбеди мнозинство истекува вечерва на полноќ, а портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, само што информираше дека паријата вечерва не успеала да донесе одлука за коалиција и дека консултациите ќе продолжат и утре. Со ова, Груевски не успеа да обезбеди мнозинство и да ја поднесе програмата до Собранието во законскиот рок.

-ДУИ пред неколку недели започна сеопфатен процес за да дискутираме по однос на петте предлози. Дебатата беше корисна и конструктивна. Од последните состаноци на партијата едногласно заклучивме и одлучивме е дека таа дебата денеска не може да биде исцрпена. Останува во нарендите денови да продолжиме со оваа аргуменатција. Сите опциии се отворени, изјави Османи.

Сега е нејасно што ќе се случува и каква одлука ќе донесе претседателот Ѓорѓе Иванов. Според Уставот, доколку мандаторот не успеал да обезбеди мнозинство во законскиот рок, тогаш тој треба да го врати мандатот, а претседателот на државата потоа да го додели мандатот на лидерот на следната партија според освоените гласови на изборите. Но, изминативе денови, првладините медиуми шпекулираа со информацијата дека Иванов мандатот може повторно да го додели на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости