554
ВМРО-ДПМНЕ упати критики поради блокадите на приватните превозници во Скопје кои се трет ден по ред, а и целата јавност е револтирана за ваквата состојба.
„Коалицијата Тачела обединета околу бизнис профитерските интереси функционира на дело. По Ленин треба да се повлече и Сталин, односно наместо закани дека превозниците ќе се прегазат со специјална полиција, да излезе коалицијата Тачела со решение за јавниот превоз.
Коалицијата Тачела да го реши проблемот кои самите го креираа, неисплаќајќи им ги заработените средства на приватните превозници. Скопје е жртва на бизнис интересите на коалицијата Тачела“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.