Михаилов: Изненаден сум што Германија и Шпанија испаднаа од СП, на Македонија би и било многу тешко!

by Fokus

Осминафиналната фаза од Светското прветнство во Катар заврши, а од петок фудбалот продолжува по заслужената дводневна пауза која ја добија фудбалерите.

Со победите на Холандија, Аргентина, Хрватска, Бразил, Франција, Англија, Мароко и Португалија ги добивме најдобрите 8 селекции кои ќе се борат за престижниот трофеј.

Во петок ќе настапат Хрватска – Бразил од 16 часот и Холандија – Аргентина од 20 часот. За сабота се закажани дуелите Мароко – Португалија од 16 часот, а четири часа подоцна е дербито Франција – Англија.

Фудбалскиот стратег, Горазд Михаилов за „Фокус“ даде свој коментар околу случувањата на Мундијалот во Катар, кој приреди неколку изненадувања.

„Генерално, очекуван е досегашниот тек на Светското првенство. Изненаден сум од неуспехот на Германија и Белгија кои не ја поминаа групата и испаѓањето на Шпанија. Неочекуван е историскиот пласман на Мароко, кој според играта заслужи да биде таму каде што е“, вели Михаилов.

Запрашан за евентуално учество на Македонија не едно вакво големо светско наптреварување, нашиот тренер вели:

„Секако дека е возможно такво нешто, затоа што се најавува дека ќе се прошири списокот на репрезентации-учесници на еден Мундијал. Но, верувајте, ќе биде многу тешко. Ова СП покажа дека голем дел од репрезентациите одат со крупни чекори напред, а ние мора да бидеме реални, со последните наши настапи би било многу тешко. Но, не е невозможно“, истакна Михаилов.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости