Ревизорскиот извештај за работата на партијата ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година утврдува неправилно и противзаконско работење. Од документите што ги добил на увид, Ревизорот констатира дека „не може да даде мислење за вистинитото и објективно прикажување на финансиките извешати на ВМРО ДПМНЕ за 2016 година кога партијата ја водеше Никола Груевски“ и изразува мислење со резерва за финанските трансакции со релевантаната законска регулатива.
Партијата имала три жиро сметки, што е против одредбите од Законот за финансирање на партии. Освен редовната сметка, партијата во декември 2016 година, склучила Договор за кредит во висина од 3 милиони евра за што под хипотека ја ставила новата партиска зграда. Од овие пари, 1,5 милиони евра префрлила на сметката на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори 2016, поради исполнување на договорот со коалиционите партнери. Според овој Договор „договорните страни се согласни во случај кога донациите и членарината нема да ги покријат преземените обврски за финансирање на изборната кампања 2016 година, истите ќе ги покрие носителот на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ“. Другата сметка била за донации за жителите кои настрадаа во поплавите.
Понатаму, ревизорот утврдил дека биле исплатени 450 000 евра врз основа на договори за превоз на лица и услуги за изработка и врамување на уметнички слики, но без доставени фактури од добавувачите.
-Ваквата состојба не е во согласност со член 10 од Законот за сметководството за непрофитните организации и член 13 од Правилникот за сметководството за непрофитните организации, согласно кои внесувањето на податоците во деловните книги мора да се заснова на веродостојни, целосни и уредни сметководствени документи, со што се докажуваат настанатите финансиски промени и влијае на можноста од потврдување на искажаните податоци во финансиските извештаи, стои во Ревизорскиот извештај.
Во партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ сега има 268 уметничка слика кои чинат 387 000 евра.