Претставници на Кластерот за текстил вербално го нападнаа новинарот на Алсат М

by fokus

Настанот организиран од страна на Кластерот за текстил, телевизија Алсат М реши да не го пренесе во јавноста. Причина за тоа е вербалниот напад на претставници од ова здружение врз нашиот новинар Иле Петревски, кој си ја вршеше својата задача и постави прашање до лицата кои ја водеа прес-конференцијата.

Додека Алсат М не добие јавно извинување за искажаните навреди, не само кон новинарот на телевизија туку и кон сите останати на кои им беа дофрлани навредливи зборови со деградирање на професијата, прес-конференциите и активностите на Кластерот за текстил нема да ги објавуваме во нашите информативни изданија.

Поврзани новости