ВМРО-ДПМНЕ плаќала на американска ПР компанија за средби со Џес Бејли

by fokus

Електронска комуникација, телефонски разговори, барање за средби и состаноци, пријавила американската компанија Дашл груп како свои активности сработени за клиентот ВМРО-ДПМНЕ во периодот од први април до 30 септември годинава, објави Слободна Европа.

Во документот објавен на 28 октомври на американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерството за правда конкретно е наведено дека за ВМРО-ДПМНЕ Дашл груп комуницирала со американската извршна власт и агенциите и со други личности и организации вклучени во владини и јавно политички прашања за теми кои имаат влијание врз интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во документот се наведени и две исплати од ВМРО-ДПМНЕ за Дашл груп во износ од по 60.000 долари, едната реализирна на 19 април, а другата на 23 август односно вкупно 120.000 долари. Нивни преставник, пак, бил во земјава на седми септември и за тоа, како што е пријавено, биле потрошени 25.490 долари.

На листата која ја пријавила Дашл груп има наведено повеќе од 20 најразлични контакти. Меѓу нив наведени се на пример, состанок на шести април годинава со американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли на тема – претстојните избори во Македонија. Истиот ден, на иста тема и исто така со Бејли компанијата навела дека имале и телефонски разговор, а до него била испратена и електронска пошта.

Поврзани новости