Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска поднесоа барања до Владата, преку кое бараат да им бидат доставени податоци за сите вработувања кои што се случиле од формирањето на Владата на СДСМ до денес.
„Со овие барања ја искористуваме нашата законска можност да добиеме одговори за тоа колку нови луѓе се вработени или ангажирани по основ на договор на определено или неопределено време како и работни односи по основ на договори на дело, авторски договори или други договори. Овие информации ги бараме поради фактот што јавноста секојдневно е сведок за вработувања на партиски војници, лица кои што одработувале за потребите на СДСМ и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта – се наведув во партиското соопштение.