„Славјанка Петровска треба да престане да глуми жртва и да даде одговори дали крие луксузна хациенда со базен во Радишани. Доста глуми, плаче и крие зад евтини приказни, додека во реалноста трупа и крие богатство“ реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на министерката на која таа повторно најави тужби против пратеникот Драган Ковачки.
Од партијата велат дека „за дијагнозата дека има опседнатост, инхибиција и третман со седативи, не ја измислува ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го содржи извештајот на Петровска со кој таа се прави жртва во тужбата против Драган Ковачки“.
„Суштината е дали навистина има Петровска ваква дијагноза, зошто ако таа е вистинита тогаш непресметлива личност го води Министерството за одбрана и треба да си замине, или пак свесно лаже, а извештајот е измислен за да Ковачки биде осуден. Јавноста е уморна од глумењето на жртва на Славјанка, додека во реалноста станува за министер кој крие имот“ стои во партиското соопштение.