ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерите нема да го добијат заслуженото покачување на пензиите

by fokus

Наместо линеарното зголемување, пензионерите оваа есен ќе добијат пропорционално зголемување на пензиите, и тоа согласно порастот на просечната плата од околу 1%, соопштуваат од партијата ВМРО-ДПМНЕ:

„Тоа значи дека оние што примаат минимална пензија, наместо 600,00 денари кои ги добиваа во претходните години, сега ќе добијат зголемување од минимални 80,00 денари. Од друга страна, оние што земаат највисоки пензии ќе добијат зголемување од околу 400,00 денари“, велат од таму.

Пропорционалното зголемување на пензиите, додаваат, е модел кој тргнува од основицата. Така, оние кои земаат мала пензија ќе добијат минимално зголемување, додека оние кои примаат највисоки пензии ќе добијат максимално зголемување.

„Оваа мерка на Владата на СДСМ не е во прилог на пензионерите и на нивниот животен стандард со оглед на фактот дека огромен дел на пензионери не примаат високи пензии“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости