ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски добро ја научил школата на Бранко

by Фокус

– Пендаровски очигледно добро ја научил школата на Бранко Црвенковски  полна со интриги во која еден од професорите сигурно бил и Зоран Верушевски, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод денешната изјава на Стево Пендаровски.

Од владејачката партија бараат од Пендаровски да одговори со која странска служба, според нив, соработувал претседателот на СДСМ, Зоран Заев и што таа странаска служба очекува за возврат.

– Сценариото на СДСМ е очигледно и тие се разобличени, па оттука мораат да продолжат со вакви паради, само за да го прикријат скандалот во кој се заплеткаа Зоран Заев и нивното раководство. Јавноста веќе оправдано се прашува како може цела опозиција да тврди дека е прислушувана, а да не излезе во јавност ниеден нивни разговор, се вели понатаму во реакцијата на ДПМНЕ.

Владејчката партија додава дека на минатите избори граѓаните се определиле за  концептот базиран на работа и проекти, наместо за деструктивната политика за креирање кризи и држење на државата во заложништво.

 

Поврзани новости