Во Македонија е узурпирана државата и укинато е владеењето на правото. Во Македонија денес сè уште има политички затвореници. Уметници, интелектуалци и пратеници се наоѓаат во притвор наместо да бидат дома со своите семејства, додека криминалци и убијци се ослободуваат и шетаат по улиците, реагираат од опозицијата.
„Судот мора да почне да дели правда, а не политика. Судот треба да собере сили и да ја признае грешката со притворањето на уметници и интелектуалци без никаква основа. Во Република Македонија десетици луѓе се ставени во притвор, како дел од монтиран случај, само затоа што изразиле спротивен став и гласно се спротивставиле на една политика. Притвор се користи како казна и средство за заплашување на политички неистомисленици наместо како мерка на претпазливост – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.