ВМРО – ДПМНЕ: Партијата на Заев е дел од подземјето и сака поделба на Македонија

by fokus 10:50
10:50

ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку соопштение порача дека го става интересот на сите граѓани на прво место и затоа го нуди Манифестот за единствена Македонија како граѓански концепт.

Манифестот за единствена Македонија гарантира владеење на правото и правна држава како клучен услов за успех на државата, смета ВМРО – ДПМНЕ.

- Advertisements -

Во Манифестот предложен од ВМРО-ДПМНЕ се предвидува секој иден добитник на парламентарните избори да добие бонус 20 пратеници, во рамките на сегашниот број пратеници и согласно Уставот или пак да се воведе мнозински изборен модел. Ова е добар предлог со цел кој било победник на некои наредни избори да не биде уценет, стои во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Манифестот е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес, а со неговото одбивање, СДСМ докажува дека тие не се за обединување, туку тие се за поделби.

СДСМ и Заев, се вели во соопштението, се исплашени и се лесен предмет на уцена и дека затоа тој и неговите соработници ја прифатиле тиранската платформа која, според нив, е неуставна и спротивна на највисоките државни и национални интереси.

Со приведувањето на наркодилери и мафијаши блиски до криминогеното раководство на СДСМ, вели партијата на Груевски, граѓаните виделе дека партијата е дел од подземјето.

 

Поврзани новости