Имер Селмани предлага референдум за разрешување на Иванов

by fokus 11:10
11:10

Поранешниот политичар, Имер Селмани, смета дека ниту зголемен меѓународен притисок, па ниту некакви санкции ќе можат да го разубедат Иванов да ја смени неговата одлука за доделувањето на мандатот и затоа предлага референдум за разрешување на претседателот.

– Господинот Иванов се однесува како сопственик на Македонија, а не како претседател на земјата. Ги суспендира сите уставни членови кои му даваат обврски и задачи како претседател и се однесува како диктатор кој си дава право себеси кому да му даде власт, а кому не за формирање на новата влада, пренесува Алсат М изјава на Селмани. 

- Advertisements -

Тој го суспендираше Уставот и основното начело на демократијата со фактот што не го даде мандатот на новото парламентарно мнозинство кое има 67 потписи за формирање на нова влада и не очекувам јас или граѓаните дека ќе ги омекне ставовите, смета Селмани.

„Во овој поглед кога не може да се постигнат две третини од гласовите во Собранието за да се покрене иницијатива за негово разрешување и да сноси одговорност пред Уставниот суд, мислам дека ситуацијата созреа граѓаните да се организираат со политичките партии на новото мнозинство и критичарите и за оваа ситуација која ја уништува земјата да собираат потписи и референдум за негово разрешување од позицијата претседател на државата“, вели Селмани.

Поврзани новости