ВМРО-ДПМНЕ: Парите одат од џебот на граѓаните во џебот на мафијата

by Fokus

Тешка е задачата на слугите на мафијата од Центарот за комуникации на СДСМ да го бранат неодбранливото, односно мафијашењето на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината е дека парите не одат кај граѓаните, туку од џебот на граѓаните во џебот на мафијата.

- Advertisements -

Четвртиот пакет на мерки не само што не помага туку ги продлабочува проблемите во економијата трошејќи пари кои се на народот и после неколку години треба да се вратат затоа што кредитите ќе доспеат. Од 4-тиот пакет мерки корист ќе има мафијата на Заев, а додека народот ќе продолжи да осиромашува.

Пакетот мерки нема никаков одговор за 40 илјади невработени, за проблемите на малиот и среден бизнис, за студентите, младите, проблемите во туризмот. Едноставно и тоа што самите го ветија денеска, не може да го исполнат. СДСМ денес е партија на мафијата, со пратеничка група помала од ВМРО ДПМНЕ. Поради полнењето на џебовите на Заев најмногу губат граѓаните“, додаваат од опозицијата.

Поврзани новости