Коста кон Суарез: Едниот ќе гризе, другиот ќе тепа!

by Fokus

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, откако тимот ја совлада Гранада (6:1) во мечот од 3. коло на Шпанското фудбалско првенство, го пофали соиграчот Луис Суарез.

Триесет и тригодишниот Уругваец постигна два гола и една асистенција во дебитантскиот натпревар за мадридскиот клуб.

„Луис е многу добар. На крајот, едниот ќе гризне, а другиот ќе тепа“, се пошегува Коста со Суарез преку социјалните мрежи.

Поврзани новости