569
ВМРО-ДПМНЕ обвини за дезориентираност на власта, поради тоа што, како што велат од опозициската партија, премиерот Зоран Заев не може да го усогласи директорот со заменик директорот на Државниот завод за статистика, а не пак да го попише населението.
-Од авион се гледа дека пописот се турка аматерски и поради политички причини. Самата институција – Државниот завод за статистика е во клинч сама со себе. Директорот на статистика со спротивен став во однос на заменик директорот кои имаат различно мислење за попишување на дијаспората и нивните верски чувства. Едниот вели ќе се диктираат од страна на роднините, другиот вели тоа не е можно, се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.