БиХ ja одобри руската вакцина против Ковид-19

by Fokus

Агенцијата за лекови и медицински помагала на БиХ синоќа потврди дека го проверила квалитетот на вакцината Гам-КОВИД-Вак и утврдила дека тестираниот примерок одговара на декларацијата за квалитет.

Две илјади дози вакцина „Спутник В“ беа доставени во БиХ пред седум дена на барање на Министерството за здравство на Република Српска, бидејќи властите на ентитетот самостојно преговарале со рускиот производител и начелно договориле испорака на 400.000 дози, доволни за вакцинирање на 200.000 луѓе.

Директорот на Институтот за јавно здравје на РС, Бранислав Зељковиќ, откако бил проверен квалитетот на пробниот контингент, рече дека сега очекува вакцината да биде дистрибуирана и вакцинацијата да започне кон крајот на оваа или на почетокот од следната недела.

БиХ претходно нарача 1,23 милиони дози вакцини од западните производители преку механизмот „Ковкас“, но ниту една од нив се уште не е доставена. Властите во БиХ се надеваат дека ќе ги добијат првите дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ до крајот на февруари за да можат конечно да започнат со вакцинирање.

Поврзани новости