Жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев. Иако е воочлива штетноста на таквиот договор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој договор е производ на изборна измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува државата. Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор. Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период – се наведува во соопштението од партијата.