Мицкоски изразил разбирање за загриженоста на демонстрантите кои протестираат против договорот

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари неформална средба со претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски ги соопшти ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за уставното име на Република Македонија и актуелните случувања околу капитулантскиот договор на Зоран Заев. Воедно, Мицкоски изрази разбирање за загриженоста на граѓаните околу штетниот договор“, наведуваат од партијата.
На претставниците на Здружението тој им потенцирал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги употреби сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата за ова прашање.

Поврзани новости