917
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва остави 1.071 каранфил за 1.071 починат од корона вирус и побара оставка од министерот за здравство Венко Филипче.
-Денес оставивме 1071 каранфил во знак на почит кон 1071 починат од #COVID кои не се само бројка, туку луѓе, човечки судбини кои одат на нечистата совест на Зоран Заев и на најнеспобниот министер за здравство Венко Филипче.
Бараме #оставка од Венко Филипче веднаш и сега!
Филипче, собери храброст и донеси вистинска одлука, направи го вистинскиот чекор. Имаш 1071 причина да си поднесеш оставка. Направи го тоа сега. Спаси ја Македонија од нови жртви.