По соопштението на владејачката СДСМ, експресно реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде што посочуваат дека опседнатоста на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да им донесе никаква полза на граѓаните.
– Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да им помогне на Ибраимовски, Шапуриќ и Марко да донесат нови инвестиции, како тоа што го правеше тимот на ВМРО-ДПМНЕ кој донесе стотици инвеститори. Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да помогне да падне невработеноста, како во време на ВМРО-ДПМНЕ кога таа од речиси 39% падна на 22.9%“- се вели во партиската реакција.
Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните очекуваат СДСМ да се ослободат од гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и да почнат одговорно да работат за да го реализираат тоа што го ветуваат.