Одлуката да се испрати во притвор оперски пејач, кој е татко на три деца и истиот да се изедначи со терористите од Диво Насеље е срамна, рече денеска на прес конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Одлуката да се испрати во притвор креативен режисер, лекар кој спасил безброј животи и татко на три деца, одлуките за притвор на семејни луѓе пратеници, поранешни припадници на безбедносните сили кои ја бранеле Република Македонија и млади луѓе кои немаат извршено кривично дело и со тоа да се изедначат со терористите од Диво Насеље е срамна. Ваквата политичка инквизиција ќе остане забележана на најцрните страни во историјата на државата. ВМРО ДПМНЕ го осудува политичкиот прогон кој владејачката хунта во моментов го реализира преку своите полуги во Обвинителството и Судовите, рече Костовски.
Според Костовски, на удар била компактноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која се спротивставувала на штетните политики на СДСМ, како договорот со Бугарија, законот за двојазичност и најавената промена на уставното име на државата.