ВМРО-ДПМНЕ: Од каде знае Заев за кого се водат истраги, кога тие треба да се тајни?

by fokus

Заев потврдил дека постои директна спрега меѓу СДСМ и јавното обвинителство кое се користело за механизам за дисциплинирање, закана и уцена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешената изјава на премиерот Заев дека се водат истраги за корупција за двајца владини функционери.

-Имено, постапките во обвинителствата се тајни и во ниту еден случај премиерот не би требало нити би можело да знае што работат обвинителите кои се посебен државен орган, но со оваа изјава на премиерот се потврдува дека Заев во суштина е нарачател на работата на обвинителите, факт кој е скандалозен и тотално незаконски. Сега е јасно дека Заев освен што е инсталиран премиер, е и шеф и на државното и на специјалното обвинителство, со што се врши директно загрозување на функционирањето на правниот систем, и од тука не е воопшто чудно што на срамен начин се организираа, легитимираа и легализираа најкриминалните избори кои се случија во изминатиот месец, пишува во соопштението на опозицијата.

Поврзани новости